Download Inhoudsopgave Inhoud Print deze pagina

Bosch Professional GGS 30 LS Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 174

Inhoudsopgave

Advertenties

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 50
174 | Македонски
Површинско брусење (грубо брусење со дијаметар на
брусното тело 50 mm):
2
2
a
 = 13,4 m/s
, K = 1,5 m/s
h
Нивото на вибрации наведенo во овие упатства е
измеренo со нормирана постапка за мерење и може да
се користи за меѓусебна споредба на електрични алати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена
на оптоварувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за главната примена на
електричниот алат. Доколку електричниот алат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може
да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително
да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот
на целокупното работење.
За прецизно одредување на оптоварувањето со
вибрации, треба да се земе предвид и периодот во кој
уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како
на пр.: одржувајте ги внимателно електричните алати и
алатите за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Монтирање брусни алати со вилушкаст клуч и
со помош на блокада за вретено (види
слика A)
Користете само соодветни и неоштетени
u
вилушкасти клучеви (види „Технички податоци").
– Исчистете го вретеното за брусење (3) и сите делови
за монтирање.
– Притиснете ја блокадата на вретеното (13) и свртете ја
рачно затегнувачка навртка (2) додека не се блокира.
– Држете ја притисната блокадата за вретеното и
олабавете ја затегнувачка навртка (2) со вилушкаст
клуч (9) со вртење во насока спротивна на стрелките
на часовникот.
– Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до
крај во затегнувачката чаура (1).
– Притиснете ја блокадата за вретеното (13) и
прицврстете го алатот што се вметнува со вртење на
вилушкастиот клуч (9) на површината на клучот со
вртење во правец спротивен на стрелките на
часовникот.
Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно.
Не ги употребувајте нетркалезните брусни тела, туку
заменете ги со нови.
1 609 92A A6Z | (27.11.2024)
Во никој случај не ја затегнувајте затегнувачката
u
чаура со затегнувачката навртка, доколку не е
монтирано брусно тело. Инаку, затегнувачката чаура
може да се оштети.
Користете само брусни клинови со соодветен
u
дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар
на држачот не одговара на прифатот за алат на
електричниот алат (види „Технички податоци"), не
може да се зацврсти добро и ја оштетува
затегнувачката чаура.
Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку
u
10 mm. Со помош на внатрешните димензии на
држачот L
од податоците на производителот може да
0
го дознаете максималниот дозволен број на вртежи на
алатот за вметнување. Тој не смее да биде под
максималниот број на вртежи на електричниот алат.
Монтирање брусни алати со два вилушкасти
клуча (види слика B)
Користете само соодветни и неоштетени
u
вилушкасти клучеви (види „Технички податоци").
– Исчистете го вретеното за брусење (3) и сите делови
за монтирање.
– Држете го цврсто брусното вретено (3) со
вилушкастиот клуч (8) на површината на клучот.
Олабавете ја стезната навртка (2) со вилушкастиот
клуч (9) на површината на клучот со вртење во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Ставете ја затегнувачката дршка на брусното тело до
крај во затегнувачката чаура (1).
– Држете го цврсто вретеното за брусење (3) со
вилушкастиот клуч (8) и затегнете го алатот што се
вметнува со вилушкастиот клуч (9) на површината на
клучот со вртење во правец на стрелките на
часовникот.
Брусните тела мора да се движат беспрекорно кружно.
Не ги употребувајте нетркалезните брусни тела, туку
заменете ги со нови.
Во никој случај не ја затегнувајте затегнувачката
u
чаура со затегнувачката навртка, доколку не е
монтирано брусно тело. Инаку, затегнувачката чаура
може да се оштети.
Користете само брусни клинови со соодветен
u
дијаметар на држачот. Брусниот клин, чиј дијаметар
на држачот не одговара на прифатот за алат на
електричниот алат (види „Технички податоци"), не
може да се зацврсти добро и ја оштетува
затегнувачката чаура.
Алатот за вметнување мора да се затегне најмалку
u
10 mm. Со помош на внатрешните димензии на
држачот L
од податоците на производителот може да
0
го дознаете максималниот дозволен број на вртежи на
алатот за вметнување. Тој не смее да биде под
максималниот број на вртежи на електричниот алат.
Bosch Power Tools

Advertenties

Inhoudsopgave
loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Professional ggs 30 lpsProfessional ggs 30 s

Inhoudsopgave