Порака за грешка
Мерниот уред ја контролира точната функција
при секое мерење. Доколку се утврди дефект, на
екранот стои само ознаката покрај него и
мерниот уред се исклучува. Во ваков случај
предадете го Вашиот мерен уред преку Вашиот трговец на
сервисната служба на Bosch.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во
испорачаната заштитна чанта.
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други
течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не
користете средства за чистење или раствори.
Особено одржувајте ја чиста приемната леќа (9) со истата
грижа, со која треба да се одржуваат очила или леќи на
фотоапарат.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред
во заштитната чанта (10).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлодирани цртежи и
информации за резервни делови може да се најдат и на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе Ви
Bosch Power Tools
Македонски | 365
1 609 92A A4E | (23.01.2025)