4 Средниот LED-индикатор свети зелено кога алатот е поврзан со друг уред со Bluetooth®
5 Bluetooth се деактивира кога ќе го исклучите/деактивирате алатот
НАПОМЕНА! Доколку апликацијата не е инсталирана или не е достапна во вашата земја, Bluetooth нема да се
активира
Ознаката со зборот и логоата Bluetooth® се регистрирани заштитени трговски знаци во сопственост на Bluetooth
SIG, Inc и секоја употреба на овие знаци од страна на Mirka Ltd се врши со лиценца Другите заштитени знаци и
заштитени имиња им припаѓаат на нивните соодветни сопственици
Усогласеноста со прописите за радиофреквенции во Северна Америка е потврдена во согласност со FCC дел 15
подделови Б и В, RSS-GEN, RSS-247 и FCC §15 247
Одржување
Секогаш отстранувајте ја батеријата пред одржување!
Користете само оригинални резервни делови од Mirka!
Замена на потпорната подлога
1 Држете ја осовината со прстите
2 Свртете ја потпорната подлога спротивно од насоката на движење на стрелките на часовникот за да ја
отстраните
3 Поставете ја и затегнете ја новата потпорна подлога
Чистење
Користете мека четка за да ја отстраните насобраната прашина Носете заштитни очила за да ги заштитите
очите при чистењето Ако куќиштето на алатот треба да се исчисти, избришете го со влажна мека крпа Може да
користите благ детергент
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете алкохол, бензин или друго средство за чистење Никогаш
не користете силни средства за чистење на пластичните делови
Упатства за чистење на полначот
Прашината и маслото може да се отстранат од надворешноста на полначот со помош на крпа или мека четка што
не е изработена од метал Не користете вода или средства за чистење
Понатамошно сервисирање
Сервисирањето мора да го извршуваат обучени лица За гаранцијата на алатот да остане важечка и за
да обезбедите оптимална безбедност и функционирање на алатот, сервисирањето мора да го извршува
овластениот сервисен центар на компанијата Mirka За да пронајдете локален овластен сервисен центар на
компанијата Mirka, обратете се до службата за корисничка поддршка на компанијата Mirka или нејзиниот
продавач
Mirka® AROS-B 150NV & AOS-B 130NV • 32 mm (1 ¼") • 10.8 V
mk
147