Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане
многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
• при менување на орудието
• при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека
е машината работи.
Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги
избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за
напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат
да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од
краток спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги
само на суво место. Чувајте ги постојано суви.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај
на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска
ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во што
малку како два часа, ако се проголта или влегува во телото.
Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите
уредот, отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во
телото, веднаш побарајте медицинска помош.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Вртливиот пневматски чекан може да биде употребен за
дупчење и дупчење во дрво, метал како и пластика при
независна употреба далеку од главното напојување.
Не го користете овој производ на било кој друг начин освен
пропишаниот за нормална употреба.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на машината, не може да се
исклучат сите преостанати ризици. При употребата може да
настанат следните опасности, на кои операторот треба особено
да внимава:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете
го времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на
очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги пантолони, ракавици
и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
102
470 482 - M18ONEFH, M18ONEFHX.indd 102
470 482 - M18ONEFH, M18ONEFHX.indd 102
All manuals and user guides at all-guides.com
МАКЕДОНСКИ
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY
на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.
com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на
Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето
ќе биде прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја
врската рачно.
Уредот соодветствува на минималните барања според EN
55014-2 / EN 301489-1 / EN 301489-17.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да се одржуваат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне
висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи
вртежни моменти, заглавување на бургијата, ненадејно
стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди,
приказот за полнење трепка и електро-алатот самостојно се
исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на
прекинувачот, а потоа повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева
премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот
за полнење сè додека батеријата не се излади. По гаснење на
приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
23.03.2021 16:20:26
23.03.2021 16:20:26