Download Print deze pagina

LG A12FT Handleiding pagina 275

Advertenties

•Не инсталирајте го клима уредот на места каде што се чуваат
запалливи течности или гасови, како што се бензин, пропан,
разредувачи на бои итн.
•Осигурете се дека цевката и кабелот за напојување, коишто ги
поврзуваат внатрешните и надворешните единици, не се
пресилно затегнати, при инсталирање на клима уредот.
•Користете стандарден тип на прекинувач и осигурувач, коишто
се усогласени со оценката на клима уредот.
•Не внесувајте воздух или гас во системот, освен со
специфично разладно средство.
•Користете незапаллив гас (азот), за да проверите дали има истекување,
како и за прочистување на воздухот; употребата на компресиран воздух
или запаллив гас, може да предизвика пожар или експлозија.
•Внатрешните/надворешните кабелски врски треба да бидат
цврсто осигурени, а кабелот треба да биде соодветно насочен,
за да не постои некаква сила што ќе го влече од приклучоците
за поврзување. Несоодветните или лабави врски можат да
предизвикаат настанување на топлина или пожар.
•Инсталирајте ги наменскиот електричен штекер и прекинувач
на струјното коло, пред употребата на клима уредот.
•Не поврзувајте ја жицата за заземјување со цевката за гас,
громобранот, или телефонската жица за заземјување.
•Одржувајте ги отворени потребните отвори за вентилација, без
никакви препреки пред нив. (за R32)
•Средствата за исклучување мораат да бидат вградени во фиксниот
систем на жици, во согласност со правилата за ожичување.
•Не инсталирајте ја единицата во потенцијално експлозивни
атмосфери.
РАБОТЕЊЕ
•Осигурете се дека ги користите само оние делови, коишто се
наведени во листата на сервисни делови. Никогаш не
обидувајте се да ја менувате опремата.
•Осигурете се дека децата не се качуваат или удираат по
надворешната единица.
•Батериите фрлајте ги на место каде што не постои опасност
од пожар.
•Користете го само средството за ладење, коешто е
специфично наведено на етикетата на клима уредот.
МК
5

Advertenties

loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

A09ft