наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Вклучување на LED-работното светло
За вклучување одн. исклучување на работното
светло (12) притиснете го копчето за работно светло (1).
Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.
u
Вклучи/исклучи (GST 160 CE)
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За Вклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „I".
За Исклучување на електричниот алат притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
Вклучи/исклучи (GST 160 BCE)
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (3).
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (3) држете го притиснат и турнете ја
блокадата (2) кон десно или лево.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (3). Доколку
прекинувачот за вклучување/исклучување (3) е
блокиран, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/
исклучување (3) ставете го во исклучена положба и
одново вклучете го електричниот алат.
Константна електроника
Константната електроника одржува постојан број на
удари при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
Контролирање на работни одови (GST 160 BCE)
Бројот на работни одови на вклучениот електричен алат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/
исклучување (3).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (3) се постигнуваат мал број на работни
одови. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на работни одови.
Претходно избирање на бројот на одови
Со копчето за подесување на претходното избирање на
број на работни одови (4) можете истите претходно да ги
изберете и потоа да ги промените во текот на работата.
Bosch Power Tools
Потребниот број на работни одови зависи од материјалот
и работните услови и може да се одреди со практична
примена.
Се препорачува намалување на бројот на работни одови:
– кога го поставувате сечилото на пилата на делот што се
обработува за да може попрецизно да го поставите
сечилото на пилата,
– при сечење на пластика и алуминиум за да се спречи
топење на материјалот.
При подолготрајно работење со мал број на работни
одови, електричниот алат може многу да се вжешти.
Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот
алат да работи околу 3 мин. со максимален број на
работни одови.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го
u
електричниот алат.
Доколку обработувате мали или тенки делови
u
секогаш користете стабилна подлога или маса за
пила (опрема).
Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни
материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како
на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете
ги.
Убодната пила главно е дизајнирана за вршење заболени
засеци. Во Bosch-асортиманот се вклучени и додатоци
кои овозможуваат право сечење или кружно сечење (во
зависност од моделот на убодната пила на пр. паралелен
граничник, шина-водилка или кружен секач).
При работата рачните убодни пили може да „го изгубат
правецот", што значи дека аголот и прецизноста на
сечењето ќе бидат намалени. Одлучувачки фактори кои
влијаат на прецизноста се дебелината на сечилото на
пилата, должината на сечењето и густината и дебелината
на материјалот на делот што се обработува.
Затоа, секогаш треба со пробни засеци да проверувате
дали резултатот од сечењето на избраниот систем
одговара на вашите барања на примена.
Сечење со вдлабнување (види слика J)
Смеат да се обработуваат само меки материјали
u
како дрво, гипс картон и сл. при сечење со
вдлабнување!
За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила
за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол
на закосување од 0°.
Поставете го електричниот алат со предниот раб на
основната плоча (6) на делот што се обработува, без
сечилото за пила (11) да го допира делот што се
обработува и вклучете го. Кај електричните алати со
контрола на бројот на удари, поставете го максималниот
број на работни одови. Притиснете го електричниот алат
Македонски | 163
1 609 92A 9YN | (05.02.2025)