Download Print deze pagina

Bosch GEX Professional 40-150 Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 133

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 39
издувување и ќе слушнете кога кутијата за прав се
вклопи.
Нивото на наполнетост на кутијата за прав (7) може лесно
да се контролира преку транспарентниот резервоар.
За да ја испразните кутијата за прав (7) извлечете ја со
лесно вртење наназад.
Одвртете го филтерот (6) и извлечете го од кутијата за
прав (7). Испразнете ја кутијата за прав.
Лесно тропнете со филтерот (6) на цврста подлога, за да
падне правта. Исчистете ги ламелите на филтерот (6) со
мека четка.
Напомена: За да овозможите оптимално всисување на
прав, редовно празнете ја кутијата за прав (7) и редовно
чистете го филтерот (6).
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што кутијата за прав (7) ќе
покажува надолу.
Надворешно всисување (види слика H)
Ставете едно црево за всисување (13) на млазниците за
издувување (12). Ставете го цревото за всисување (како
што е прикажано на сликата) на млазниците за
издувување, така што страничните отвори на млазниците
за издувување ќе останат слободни. Со тоа се спречува
блокирање на електричниот алат за време на брусењето
на делот што се обработува и се спречува оштетувањето
на квалитетот на површината на истиот.
Поврзете го цревото за всисување (13) со всисувач за
прашина (опрема). Прегледот за приклучување на
различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на честички прав кои се особено опасни
по здравје, канцерогени или суви, користете специјален
всисувач.
При работа на вертикални површини, држете го
електричниот алат така што цревото за всисување ќе
покажува надолу.
Дополнителна рачка
Дополнителната рачка (1) овозможува удобно ракување
и оптимална распределба на јачината, пред сè при
отстранување на голема количина материјал при
брусење.
Прицврстете ја дополнителната рачка (1) со завртката
(2) на куќиштето.
Употреба
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Bosch Power Tools
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За вклучување на електричниот алат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување (4).
За фиксирање на прекинувачот за вклучување/
исклучување (4) држете го истиот притиснат и
дополнително притиснете на копчето за фиксирање (5).
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (4). При
фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување (4),
најпрво притиснете го и потоа отпуштете го.
Претходно избирање на број на осцилации
Со копчето за подесување на бројот на осцилации (3)
можете да го изберете потребниот број на вртежи и за
време на користењето на алатот.
1–2
низок број на осцилации
3–4
среден број на осцилации
5–6
висок број на осцилации
Неопходниот број на осцилации зависи од материјалот и
работните услови и може да се одреди при практична
примена.
По долготрајна работа со мал број на осцилации, за да го
оладите електричниот алат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Кочница на брусниот диск
Вградената кочница на брусниот диск го намалува бројот
на осцилации при празен од, така што при ставањето на
електричниот апарат на делот што се обработува, се
спречува создавањето на гребнатини.
Доколку бројот на осцилации при празен од постојано се
накачува со текот на времето, тоа значи дека брусниот
диск е оштетен и мора да се замени или пак значи дека
кочницата на брусниот диск е истрошена. Истрошената
кочница на брусниот диск мора да се замени од страна на
овластена сервисна служба за Bosch-електрични алати.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Почекајте додека електричниот алат сосема не
u
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Електричниот алат не е погоден за стационарна
u
употреба. Тој не смее на пр. да се прицврстува на
менгеме или на работна клупа.
Брусење на површини
Вклучете го електричниот алат, поставете го со целата
површина за брусење на подлогата што се обработува и
движете го со благ притисок преку парчето што го
обработувате.
Капацитетот на отстранување и изгледот во главно се
одредуваат според изборот на брусниот лист, степенот на
Македонски | 133
1 609 92A A44 | (27.11.2024)
loading