Рециклирање
Гаранција и поддршка
Вовед
Општ опис
-
Овој симбол означува дека електричните производи не смее да се
фрлаат со обичниот отпад од домаќинствата.
-
Придржувајте се до законите во вашата земја за одделно собирање на
електричните производи.
Versuni нуди две годишна гаранција по купувањето на овој производ. Оваа
гаранција не е важечка ако настане дефект поради неправилно користење
или лошо одржување. Нашата гаранција не ги ограничува вашите законски
права како потрошувач. За повеќе информации или за активирање на
гаранцијата, посетете ја нашата веб-страница www.philips.com/support.
Честитки и добре дојдовте во семејството на Philips!
Апаратот Airfryer со две корпи ви овозможува да подготвувате две состојки
од вашите оброци наеднаш. Можете да го синхронизирате времето на
готвење на двете состојки, што значи дека, ако двете различни состојки
имаат различно време на готвење, можете да завршите со готвењето во
исто време. Асиметричните корпи ви овозможуваат подобро да ги
прилагодите пропорциите на состојките во вашите оброци. Големата корпа
е совршена за главни јадења, пржени компирчиња и сѐ што сакате.
Користете ја помалата корпа за прилози, зеленчук и ужинки.
Доаѓа со апликацијата NutriU што ви дава упатства во чекори и стотици
вкусни оброци со специфични поставки за вашиот апарат Airfryer со две
корпи. Преземете ја апликацијата со QR-кодот на пакувањето.
1 Контролна табла
a Зголемување на температура
b Намалување на температура
c Копче за вклучување/исклучување
d Индикатор за потсетник за тресење за мала тава
e Копче за мала тава
f
Копче за враќање назад
g Копче за функција на време
h Копче за функција на копирање
i
Копче за потсетник за тресење
j
Копче за голема тава
k Индикатор за потсетник за тресење за голема тава
661
Македонски