Download Print deze pagina

Makita DMP180Z Gebruiksaanwijzing pagina 196

Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
НАПОМЕНА: Во зависност од условите на
користење и амбиенталната температура,
индикацијата може да се разликува во мала мера
од реалниот капацитет.
НАПОМЕНА: Првата (најлево) ламбичка на
индикаторот ќе трепка кога работи системот за
заштита на батеријата.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето за да го продолжи работниот век
на алатот и на батеријата. Алатот автоматски ќе
се исклучи за време на работењето ако тој или
батеријата се најдат под еден од следниве услови:
Заштита од преоптоварување
Оваа заштита работи кога со алатот се ракува
на начин што предизвикува тој да повлекува
ненормално висока електрична енергија. Во
таква ситуација, исклучете го алатот и запрете
со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Оваа заштита работи и светлото трепка кога алатот
или батеријата се прегреани. Во оваа ситуација,
оставете ги алатот и батеријата да се оладат пред
повторно да го вклучите алатот.
Заштита од прекумерно празнење
Оваа заштита работи кога преостанатиот капацитет
на батеријата ќе дојде на ниско ниво. Во оваа
ситуација, извадете ја батеријата од алатот и
наполнете ја.
Прекинувач за главно напојување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
исклучувајте го прекинувачот за главно
напојување кога не се користи.
ВНИМАНИЕ:
При носење на алатот,
исклучете го прекинувачот за главно
напојување. Во спротивно, ненамерното
повлекување на прекинувачот за стартување може
да предизвика повреда.
Преостанат
капацитет
Трепка
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.
Секогаш
196 МАКЕДОНСКИ
► Сл.3: 1. Прекинувач за главно напојување
За да го вклучите алатот, притиснете го
прекинувачот за главно напојување. За да
го исклучите алатот, повторно притиснете го
прекинувачот за главно напојување.
НАПОМЕНА: Овој алат има вградена функција
за автоматско исклучување. За избегнување
на ненамерното стартување, прекинувачот за
главно напојување автоматски ќе се исклучи кога
прекинувачот за стартување не се повлекува
определено време по вклучување на прекинувачот
за главно напојување.
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
ставите батеријата во алатот, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF" кога ќе се
отпушти.
► Сл.4: 1. Прекинувач
За вклучување на алатот, едноставно повлечете
го прекинувачот за стартување. Отпуштете го
прекинувачот за стартување за да сопре.
Манометар
► Сл.5: 1. Копче за единици 2. Копче минус
3. Копче плус
Ако предметот што треба да се пумпа е поврзан
со алатот, притисокот за воздух на предметот се
прикажува на манометарот кога ќе го вклучите
алатот. Ако ништо не е поврзано на алатот,
манометарот прикажува „0".
Може да го поставите притисокот на воздух на
манометарот. За да ја промените единицата,
притиснете го копчето за единици. За да ја
зголемите вредноста на притисокот, притиснете
го копчето плус. За да ја намалите вредноста на
притисокот, притиснете го копчето минус. Може да ја
поставите вредноста на притисокот помеѓу 20 kPa (3
PSI) и 830 kPa (121 PSI).
Вклучување на предната ламба
► Сл.6: 1. Ламба 2. Прекинувач за главно
напојување
ВНИМАНИЕ:
Не гледајте директно во
светлината или во изворот на светлина.
Кога ќе го вклучите алатот со притискање на
прекинувачот за главно напојување, ламбичката се
вклучува. Кога ќе го исклучите алатот со притискање
на прекинувачот за главно напојување, ламбичката
се исклучува.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога алатот е прегреан,
ламбичката трепка. Оставете го алатот целосно
да се излади пред повторно да работите со
него.
Пред да ја
loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Dmp180