Download Print deze pagina

Makita DMP180Z Gebruiksaanwijzing pagina 449

НАПОМЕНА: Користете сува крпа за да ја
избришете нечистотијата од леќата на ламбата.
Внимавајте да не ја изгребете леќата на ламбата
затоа што тоа може да го намали осветлувањето.
Складирање на адаптерот
► Сл.7: 1. Игла за спортски топки 2. Адаптер за
преста-вентил 3. Држач на адаптерот
Адаптерите може да се чуваат во држачот за
адаптери на алатот. Вметнете ја иглата за спортска
топка во адаптерот за преста-вентилот пред да ги
прикачите на држачот за адаптери.
Складирање на цревото
► Сл.8: 1. Држач за црево 2. Црево
Цревото може да се прикачи на држачот за црево
на алатот.
РАБОТЕЊЕ
НАПОМЕНА: Стандардните адаптери варираат во
зависност од земјата.
Користење на адаптерот за
англискиот вентил
1.
Отворете ја стегата на главата за воздух.
2.
Вметнете го адаптерот за англискиот вентил во
главата за воздух.
3.
Затворете ја цврсто стегата на главата за
воздух.
► Сл.9: 1. Адаптер за англиски вентил 2. Глава за
воздух 3. Стега на глава за воздух 4. Тело
на вентилот
4.
Прикачете го адаптерот за англискиот вентил
на телото на вентилот додека го отворате адаптерот
за англиски вентил.
5.
Вклучете го алатот.
6.
Пумпајте ја гумата со повлекување на
прекинувачот за стартување додека го проверувате
статусот на гумата.
ЗАБЕЛЕШКА:
Кога го користите адаптерот
за англискиот вентил, манометарот нема
да прикажува точна вредност поради
карактеристиките на вентилот. Кога
пумпате гума, не користете ја вредноста на
манометарот, туку пумпајте проверувајќи ја
состојбата на гумата.
Ако алатот сопре пред да се постигне саканиот
притисок во гумата, нагодете ја вредноста на
притисокот, а потоа повторно пумпајте.
Користење на адаптерот за
американски (шрадер) вентил
1.
Отворете ја стегата на главата за воздух.
2.
Прикачете ја главата за воздух на телото на
вентилот.
► Сл.10: 1. Стега на глава за воздух 2. Тело на
вентилот 3. Глава за воздух
3.
Затворете ја цврсто стегата на главата за
воздух.
4.
Вклучете го алатот, а потоа поставете ја
вредноста на притисокот што е соодветна за гумата
со помош на манометарот.
5.
Продолжете да го влечете прекинувачот за
стартување додека алатот не сопре. Гумата е
напумпана до назначениот притисок.
Користење на адаптерот за
преста-вентил
1.
Олабавете ја навртката за блокирање на
телото на вентилот.
► Сл.11: 1. Навртка за блокирање
2.
Отворете ја стегата на главата за воздух.
3.
Прикачете го адаптерот за преста-вентилот на
телото на вентилот, а потоа прикачете ја главата за
воздух на адаптерот за преста-вентилот.
► Сл.12: 1. Адаптер за преста-вентил 2. Глава за
воздух 3. Стега на глава за воздух 4. Тело
на вентилот
4.
Затворете ја цврсто стегата на главата за
воздух.
5.
Вклучете го алатот, а потоа поставете ја
вредноста на притисокот што е соодветна за гумата
со помош на манометарот.
6.
Продолжете да го влечете прекинувачот за
стартување додека алатот не сопре. Гумата е
напумпана до назначениот притисок.
7.
Отстранете ги главата за воздух и адаптерот за
преста-вентилот, а потоа затегнете ја навртката за
блокирање.
Користење на иглата за спортски
топки или конусниот адаптер
Може да пумпате мали предмети како спортски
топки или гуми за пловење. За пумпање спортски
топки, користете ја иглата за спортски топки. За
пумпање гуми за пловење, користете го конусниот
адаптер.
1.
Отворете ја стегата на главата за воздух.
2.
Прикачете ја иглата за спортски топки или
конусниот адаптер на главата за воздух.
► Сл.13: 1. Стега на глава за воздух 2. Глава
за воздух 3. Игла за спортски топки
4. Конусен адаптер
3.
Затворете ја цврсто стегата на главата за
воздух.
4.
Вметнете ја иглата за спортски топки или
конусниот адаптер во дупката на предметот.
5.
Вклучете го алатот, а потоа поставете ја
соодветната вредност на притисокот со помош на
манометарот.
197 МАКЕДОНСКИ
loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

Dmp180