OBJ_BUCH-3270-001.book Page 191 Tuesday, March 27, 2018 10:21 AM
може металните делови на уредот да ги стави под напон
и да доведе до електричен удар.
При работа на електричниот апарат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат
со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со
соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење
на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
За ставање во употреба на електричниот алат,
притиснете ја најпрво блокадата при вклучување
3наназад и потоа притиснете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2.
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку една минута 1, без да
го користите апаратот на материјал. Не користете
оштетени, нетркалезни или алати за брусење што
вибрираат. Оштетените алати за брусење може да
пукнат и да предизвикаат повреди.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Внимавајте на процепите во носечките ѕидови
„Напомени за статика".
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
По силното оптоварување, оставете го електричниот
апарат уште неколку минути во празен од, за да се
излади.
Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Електричниот апарат не го користете со пулт за
сечење.
Грубо брусење
Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење
ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот апарат со притисок наваму-
натаму. Притоа, делот што се обработува нема да се
вжешти, да се офарба и нема да има бразди.
Bosch Power Tools
Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал
При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете ја заштитната хауба за сечење
12.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете
во агли и не осцилирајте.
Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен
притисок.
При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е
да поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Носете маска за заштита од прав.
Електричниот апарат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска
брусна плоча за сечење.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на
тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење
во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Македонски | 191
Електричниот апарат
секогаш мора да се
води во спротивен
правец на движење.
Инаку постои
опасност, тој
неконтролирано да се
истисне од резот.
1 609 92A 3YF | (27.3.18)