Download Print deze pagina

AEG TO64IB00FB Gebruiksaanwijzing pagina 304

6.4 OptiHeat Control (Показател за
преостаната топлина во 3 чекора)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
/
/
Се додека показателот е
видлив, постои ризик од изгореници од
преостанатата топлина.
Индукциските рингли ја произведуваат
неопходната топлина за процесот на
готвење директно на дното на садовите за
готвење. Стаклокерамиката се загрева од
топлината на садовите за готвење.
Показателите се појавуваат кога ринглата
е жешка. Показателите го прикажуваат
нивото на преостаната топлина за
ринглите кои моментално ги користите:
- продолжи со готвење,
- одржување на топлина,
- преостаната топлина.
Показателот може, исто така, да се појави:
• за соседните рингли, дури и ако не ги
користите,
• кога жежок сад за готвење ќе се стави
на студена рингла,
• Кога површината за готвење е
исклучена, но ринглата се уште е
жешка.
Показателот исчезнува кога ринглата е
изладена.
6.5 Користење на ринглите
Ставете го садот за готвење директно во
центарот на одбраната рингла.
Индуктивните рингли автоматски се
прилагодуваат на димензиите на дното на
садот за готвење.
304
МАКЕДОНСКИ
За оптимален пренос на топлина
користете сад за готвење со дијаметар
на дно сличен на големината на
ринглата (односно максималната
вредност на дијаметарот на садовите
за готвење во „Технички податоци" >
„Спецификација за рингли").
Проверете дали садот за готвење е
погоден за индукциски плочи за
готвење. За повеќе информации на
видови на садови за готвење видете
во „Грижа и совети".
Можете да готвите во големи садови на
две рингли истовремено. Садот за
готвење мора да ги покрива центрите на
двете рингли но не смее да оди надвор од
маркираната област. Ако садот за готвење
е ставен меѓу двата центри, функцијата
Bridge нема да биде вклучена.
6.6 Bridge
Функцијата работи кога садот за
готвење ги покрива центрите на двете
рингли. За повеќе информации за
правилното поставување на садовите
за готвење, погледнете во „Користење
на ринглите".
loading