Download Print deze pagina

Milwaukee M12 BLROT Oorspronkelijke Gebruiksaanwijzing pagina 62

Beschikbare talen
  • NL

Beschikbare talen

  • DUTCH, pagina 23
ОСТАНАТИ БЕЗБЕДНОСНИ И РАБОТНИ УПАТСТВА
Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето
соодветна заштитна опрема, како што се заштитна маска за прав, чевли што не
се лизгаат, заштитен шлем или заштита за слух, го намалува ризикот од повреда.
При глодање на метал, се создаваат летечки искри. Погрижете се луѓето да не
бидат загрозени. Поради ризик од пожар, запалливи матери не смеат да бидат
лоцирани во близина (зона на искрење). Не користете издув за прав.
Избегнувајте искри и прашина од брусењето да го погодат телото.
Користете само соодветен и неоштетен вилушкаст клуч.
Алатите за вметнување мора да се движат потполно концентрично. Не
користете нетркалезни алати за вметнување, туку заменете ги истите пред да
продолжите со работењето.
Никогаш не посегнувајте во зоната на опасната работна површина при вклучена
машина.
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината
работи.
Во случај на значителни вибрации или појава на други неправилности веднаш
исклучете ја машината со цел да ја најдете причината за нив.
Вметнатиот алат треба целосно да запре пред да го оставите.
Под екстремни услови (на пример, мазно брусење метали со клинот или
со брусен диск од вулканизирани влакна) може да се создаде значителна
нечистотија во внатрешноста на машината за брусење.
Бидете сигурни дека металните честички не влегуваат во отворите за
вентилација, затоа што ова може да предизвика краток спој.
Приборот користете го и складирајте го секогаш според упатствата на
производителот.
Не обработувајте со овој алат производи што содржат азбест. Составот на делот
што се обработува утврдете го пред да почнете со работата. Азбест смеат да
отстрануваат само квалификувани стручњаци.
Алатот за вметнување мора да биде притегнат најмалку 10 mm. Внатрешната
димензија на телото L
може да се користи за пресметка на максималната
0
дозволена брзина на алатот за вметнување според информациите на
производителот. Таа не смее да биде помала од максималната брзина на
електричниот алат.
Работни предмети кои што се обработуваат мора да бидат цврсто стегнати
доколку не се држи со самата своја тежина. Никогаш не придвижувајте го со
рака делот што се обработува во насока на ротирачки алат за вметнување.
Отстранете ги правот и нечистотијата од телото на клештата за затегнување и
пред вметнувањето исчистете го клинот на алатот за вметнување.
Заштитете ги алатите за вметнување од:
• воденост и екстремна влажност
• секаков вид растворувачи
• екстремни температурни промени
• паѓање и удирање
Чувајте ги алатите за вметнување на следниов начин:
• подредени така, што ќе биде можно отстранување на алатите за вметнување
без да се нарушат или оштетат другите алати за вметнување
• со нивните безбедносни напомени
Алатите за вметнување НЕ СМЕАТ да паѓаат и не смеат да се тркалаат или
удираат.
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи
апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното орудие
е блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар со висок момент на
реакција. Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на употребеното
орудие имајќи ги во предвид напомените за безбедност.
Mожни причини би можеле да се:
• Закантување во парчето кое што се обработува
• Кршење поради продирање на материјалот кој што се обработува
• Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Алатката има остри рабови и може да се загрее за време на работата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од исеченици и изгореници
– при ракување со алатката
– при спуштање на уредот.
Носете заштитни ракавици кога ракувате со алатката.
Расходувајте ги алатите за вметнување, коишто паднале, биле тркалани или
удирани, биле изложени на екстремни температурни промени или дошле во
допир со растворувачи или влага.
122
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз
машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги.
Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии, со што ја штитат
нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
Користете исклучиво Систем M12 за полнење на батерии од M12 систем. Не
користете батерии од друг систем.
Никогаш не ги кршете батериите и полначите и чувајте ги само во суви
простории. Заштитете од влага.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или
температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун
и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или
од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте
во течност алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи
течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или
производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток
спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Рамната брусилка е намената за брусење, сечење, полирање и жичено четкање
дрво, пластика и метал. Идеална е за работење на тешко достапни места.
Во секој случај почитувајте ги упатствата напроизводителите на приборот.
Eлектричното орудие е прикладно само за сува обработка.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост да се исклучат
остаточни опасности. При употребата можат да се појават следниве ризици,
поради кое што корисникот мора да обрати внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го времето на
работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на слухот. Носете
заштита за ушите и ограничете го траењето на експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
ИЗБОР НА ПРИБОР/БРОЈ НА ВРТЕЖИ
Прибор
Материјал
Точка на брусење
Дрво
Челик
Алуминиум
Глодалка за челик
Дрво
Пластика
Челик
Алуминиум
Камен за брусење
Пластика
Челик
Алуминиум
Жичено четкање
Челик
Алуминиум
Точка на полирање
Дрво
Пластика
Челик
Алуминиум
Брусен диск
Дрво
Пластика
Челик
Алуминиум
МАКЕДОНСКИ
Врв на сврделот
Пластика
Алуминиум
Додаток за глодање
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред
употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на батериите.
Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или
сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба
да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на
наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски батерии
При преоптеретување на батеријата како резултат на мошне висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти,
заглавување на бургијата, ненадејно стопирање или краток спој, електро-алатот
вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка и електро-алатот самостојно
се исклучува.
За повторно вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот, а потоа
повторно вклучете.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во таков
случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сè додека батеријата не
се излади. По гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на
опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните,
националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт
на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на
Број на
шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни
вртежи
материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат
2
исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
3
2
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
6
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да
се избегнат кратки споеви.
2
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа.
2
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии.
3
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.
2
6
ЧИСТЕЊЕ
1
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени
постојано.
2
2
ОДРЖУВАЊЕ
1
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои
1
од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме
1
контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на
адреси).
1
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со наведување
6
на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со учинокот или
1
во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic Industries GmbH,
6
-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија.
6
СИМБОЛИ
Дрво
6
1
Ве молиме внимателно прочитајте ги упатствата за
Челик
3
употреба пред пуштањето во употреба.
3
Дрво
6
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков
и да е зафат врз машината.
Секогаш при користење на машината носете ракавици.
Не ја вдишувајте. Носете соодветна заштитна маска.
Носете ракавици!
Не употребувајте сила.
Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а
достапна е како додаток.
Не отстранувајте ги отпадните батерии, отпадната електрична
и електронска опрема како несортиран комунален отпад.
Отпадните батерии и отпадната електрична и електронска
опрема мора да се собираат посебно.
Отпадните батерии, отпадните акумулатори и отпадните извори
на светлина треба да се отстранат од опремата.
Проверете кај вашиот локален орган или продавач за совети за
рециклирање и место за собирање.
Во зависност од локалните регулативи, трговците на мало
може да се обврзани бесплатно да ги преземаат искористените
батерии, како и отпадната електрична и електронска опрема.
Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање на
отпадните батерии и отпадната електрична и електронска
опрема помага да се намали побарувачката на суровини.
Отпадните батерии, посебно оние што содржат литиум, и
отпадната електрична и електронска опрема содржат вредни
материјали за рециклирање, кои може негативно да влијаат
на животната средина и на здравјето на луѓето доколку не се
отстранат на еколошки компатибилен начин.
Избришете ги личните податоци од отпадната опрема, доколку
ги има.
Правец на движење
n
Брзина без оптоварување
0
V
Напон
Истосмерна струја
Европска ознака за усогласеност
Ознака за сообразност на ОК
Украинска ознака за сообразност
EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
МАКЕДОНСКИ
123
loading

Deze handleiding is ook geschikt voor:

M12 blrot-0